Околу 10:45 часот силен земјотрес го погоди Кварнерскиот регион Крк. Според првата проценка на ЕМСЦ, магнитудата б ила 5,2 степени, а се почувствувала низ цела западна Хрватска. Тресењето се почувствувало и во Бања Лука.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Жителите на местата околу епицентарот известуваат дека потресот траел околу 10 секунди и дека бил доста силен, пренесува Јутарњи лист.
Потресот бил почувствуван и во западниот брег на Истра.