Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2023 година, под мотото „Секоја капка е важна“.
Во петок, 17-ти февруари од 9 до 12 часот ќе се одржи крводарителска акција во гимназијата „Св. Климент Охридски“ Охрид.
Ги покануваме сите хумани гимназијалци да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот – велат од Црвен крст Охрид.