На 17.02.2023 година од 14 до 17 часот, извршени се сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.
Притоа, полициските службеници затекнале 24 возачи на моторни возила кои на забранети и непрегледни места извршиле претекнување на други моторни возила (Охрид-09, Струга-03, Кичево-01, Дебар-11). Против нив, поднесени се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.