Skip to main content

Здравство

Здравствените работници најавуваат протести

Самостојниот синдикат на вработените на Клинички центар најавува протести во среда, доколку до понеделник до 15 часот нема исплата на плата.
 |  инфодеск  | 
Лекари

Ако до понеделник до 15 часот нема префрлено средства на сметките на сите вработени во Клиничките центри и болници, тогаш во среда докторите, сестрите, болничарите и останатиот медицински кадар ќе излезат на протест, најавија од Самостојниот синдикат на вработените во Клинички центар.

Добивме ветување од директорката на Фондот дека во понеделник до крајот на работното време ќе бидат исплатени платите на Клинички. Ние тоа го почитуваме. Но, доколку не бидат исплатени платите ние во вторник ќе свикаме извршен одбор, ќе свикаме совет и ќе донесеме одлуки за понатамошни чекори. Независно, во вторник и да бидат исплатени платите, протестот во среда ќе се одржи – вели претседателот на Синдикатот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Горан Беговиќ, пренесува Телма.

ФЗО речиси и да немал никаква заштита во моментот кога се случил хакерскиот напад и пробивањето на информатичкиот систем бидејќи била избрана нова фирма која требало да го одржува и штити системот.