Ракометарите на Охрид одиграа квалитетен натпревар, но не успеаа да го изненадат Вардар на домашен терен во рамките на македонскиот ракометен шампионат.
Домашните играчи во салата „Билјанини извори“ имаа голема поддршка од своите навивачи. Тимот на Горан Андоновски се покажа како достоен ривал, се доближуваше скоро до резултатски егал, но на крајот актуелниот шампион ги освои бодовите.
Фаворитот Вардар успеа да го сопре амбициозниот противник и да стигне до нова победа (23:27) во овој дел од шампионатот.
Репрезентативецот Филип Талески се истакна со 8 гола на дуелот и беше најефикасен на теренот, додека Каракоч со 5 погодоци беше најдобар реализатор во редовите на Охрид.
За Вардар ова е втора победа на исто толку натпревари во рамките на плејофот, додека Охрид го доживеа првиот пораз.