Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со голем број активности на терен. Тие реализираа акција за чистење на шумскиот дел потег од х.Инекс до Горица 3, темелно метење на ул. „15 ти Корпус“ од наноси од песок и друг ситен отпад.
Согласно пропишаната динамика во Програмата за работа за 2023 тековно одржување на јавната чистота во населба Охридати, максимален ангажман на 24-часовната служба за празнење на корпите за ситен отпад во централното градско подрачје, расчистени диви депонии по налог на локална самоуправа кај Градска плажа во населба Даљан и во близина на с.Рамне. Повторно заради деструктивен однос на поединци кон нашето природно наследство сведоци сме на овие деградирачки слики – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.