Skip to main content

Социјално загрозени семејства

Хуманитарна акција на ИПА Охрид

Целта на заедничката акција е поттикнување на солидарноста, како и подигнување на јавната и општествената свест за донирање на храна на оние семејства на кои им е најпотребна, а кои немаат доволно средства да обезбедат редовни дневни оброци.
 |  инфодеск  | 
Ипа Охрид хуманитарна акција

Викендов, Интернационалната полициска асоцијација, регион Охрид, реализираше хуманитарна акција наменета за социјално загрозени семејства од Охрид.

Хуманитарната акција како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше иницијатива од Секцијата на жени при ИПА Охрид, а реализирана во соработка со Весна Миленкоска од хуманата иницијатива „Зготви и подари” од Охрид.

Тие заедно, за повеќе социјално загрозени семејства кои се соочуваат со недостаток на храна, со многу љубов приготвија топли оброци, а потоа со голема почит им ги предадоа на членовите на семејствата, во нивните домови во Охрид.

Ипа Охрид хуманитарна акција

Целта на заедничката акција е поттикнување на солидарноста, како и подигнување на јавната и општествената свест за донирање на храна на оние семејства на кои им е најпотребна, а кои немаат доволно средства да обезбедат редовни дневни оброци. Храната е основно човеково право и затоа сите заедно треба да создаваме можности за редовно донирање на храна за одредени наши сограѓани и барем малку да придонесеме да имаат подобар живот – велат од ИПА Охрид.