Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Од вечерва на полноќ поскапуваат горивата

РКЕ донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92% во однос на одлуката од 13.02.2023 година.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-95 и на еуродизел (Д-Е V) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, а на бензинот еуросупер БС-98 а еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на литар еуросупер БС-95 ќе биде 82,00 денари, еуросупер БС-98 ќе чини 84,50, а еуродизел БС (Д-Е V) 77,00 денари.

За 1,50 денари поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе се продава за 76,50 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 0,065 денари и килограм ќе чини 42,262 денари.