Skip to main content

ФЗОРСМ

Од утре почнува исплатата на боледувањата и породилното отсуство

Од Фондот велат дека осигурениците етапно ќе ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда.
 |  инфодеск  | 
Фзом

Исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разните рефундации ќе почне од утре откако Фондот за здравствено осигурување ги стави во функција сите модули, информираат од ФЗОРСМ. Но, оттаму во ниту едно од соопштенијата за постепено враќање на системот во функција, не наведуваат на кој начин тоа е направено.

Од Фондот велат дека осигурениците етапно ќе ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда.

Ова значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во Подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата – нагласуваат од Фондот.

Системот за евиденција на болничките услуги исто така е во тек на враќање во функција и од ФЗОРСМ велат дека јавноста навремено ќе биде известена кога и тој целосно ќе биде за употреба.

Системот на Фондот за здравство се врати во функција после хакерскиот напад од 6 февруари.