Skip to main content

142 години од раѓањето на тодор александров

Спортски ден во Велгошти

По повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров во Велгошти ќе се одржи „Спортски ден“.
 |  инфодеск  | 
Спорт

ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти во соработка со Сојузот за училишен спорт Охрид организира „Спортски ден“ за учениците во основните училишта во Општина Охрид по повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров.

Натпреварите ќе се одиграат на 03.03.2023 година (петок) со почеток од 09:00 часот во училишната спортска сала во Велгошти која го носи името на македонскиот револуционер.

Натпревари ќе се одиграат во следниве дисциплини:

-Фудбал за ученици од шесто и седмо одделение (максимум 12 играчи);

-Баскет за ученици од осмо и деветто одделение (3+1, машки и женски);

-Шах за ученици од прво до деветто одделение ( 2 машки, 2 женски);

-Пинг понг за ученици од шесто до деветто одделение (2 машки, 2 женски).

Натпреварите се бодуваат во рамките на училишните спортски лиги при Сојуз на училишен спорт Охрид. Предвидени се следните награди:

-Фудбал: Пехар за освоено 1-во, 2-ро, 3-то место;

-Баскет: 3 пехари во машка и 3 пехари за женска конкуренција;

-Шах: 3 медали во машка и 3 медали во женска конкуренција;

-Пинг понг: 3 медали во машка и 3 медали во женска конкуренција.