Боеми од Пучини на 24-ти февруари во НОБ
На 24 февруари во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини.
Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев.
Операта е во четири чина, дејството се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а либретото се базира на „Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер. Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимограф е Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.
Настапуваат: Ѓорѓи Цуцковски, Сандра Митровска, Марјан Јованоски, Драган Ампов, Александар Стефаноски, Наде Талевска, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Александар Никодиновски, Диме Петров, хорот и оркестарот на Национална опера и балет.