Skip to main content

Свр охрид

Во Охрид приведен битолчанец баран по централна потерница

Битолчанец баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда” е приведен во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 21.02.2023 во 17 часот, полициски службенци од СВР Охрид го лишија од слобода Б.А.(23) од Битола.

Тој беше баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда” по член 131 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.