Јп охридски комуналец
Акција за чистење на детските игралишта
Игралиштата генерално се чистат, хортикултурните содржини тековно се одржуваат и се коси тревната површина, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
ЈП „Охридски Комуналец“ реализираа активности за тековно одржување на детските игралишта на територијата на општина Охрид.
Игралиштата генерално се чистат, хортикултурните содржини тековно се одржуваат и се коси тревната површина. Активностите се спроведуваат по налог на локалната самоуправа, а ќе продолжат и во наредните денови – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.




