Skip to main content

Соопштение

Закажана 17-тата седница на Советот на Општина Дебрца

Во вторник на 28-ми февруари со почеток во 13 часот ќе се одржи 17-тата седница на Советот на Општина Дебрца.
 |  инфодеск  | 
Општина Дебрца

Свикана 17-тата седница на Советот на Општина Дебрца на ден 28.02.2023 година (вторник) со почеток во 13 часот. Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на општина Дебрца.

ДНЕВЕН РЕД

Усвојување на записник од 16-та седница на Советот на општина Дебрца.

Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.

Предлог – Статутарна одлука за дополнување на Статутот на општина Дебрца.

Предлог – Правилник за организирање и одржување на форумите на заедницата во општина Дебрца.

Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2022 година.

Предлог – Мислење по Програмата за реализација на тридневна научна ескурзија – IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2022/2023 година.

Предлог – Мислење по програмата за дводневна научна ескурзија – VI одделение ООУ „Дебрца“ с.Белчишта за учебната 2022/2023 година.

Предлог – Мислење по порграмата за настава во природа за учениците од V одделение ОУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2022/2023 година.

Предлог – Мислење по порграмата за реализација на есенски и пролетен излет на учениците од I до IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2022/2023 година.

Предлог – Мислење по програмата за реализација на еднодневна ескурзија за учениците од III одделение ООУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2022/2023 година.

Предлог – Годишна програма за дополнување на Годишната програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2023 година.