Февруари е месец на ретките болести. Здружението „Ретко е да си Редок” секоја година го обојува Охрид во боите за поддршка на лицата со ретки болести, нивно соодветно лекување и вклопување во општеството.
Во соработка со КУД „Гердан од Бисери” и МКОЦ „Соната” ве покануваме на културно-забавен настан со кој ќе го кренеме гласот за лицата со ретки болести. Во недела (26.02.2023) на плоштадот „Св. Климент Охридски” со почеток во 12 часот. Излезете за поддршка на ретките! – велат од Културолошка иницијатива 5 до 12 – Охрид.
