Започнува целосна реконструкција на улицата „Ѓорче Петров“. Во текот на вчерашниот ден започнаа активностите за гребење на стариот асфалт.
Во рамки на проектот опфатено е поставување на нова водоводна и атмосферска линија, нови торотоарски површини, ново осветлување и поставување на асфалт во должина од 330 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 11 000 000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.