Од понеделник се очекува дожд
Викендов облачно и ветровито време
За утре, УХМР најавува променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло време. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
За време на викендот ќе има зголемување на облачноста, ќе дува засилен ветер од јужен правец (на повеќе места над 60 км/час) и ќе се задржи релативно топло време.
Од недела кон крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови, ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег. Во ноќните часови кон понеделник локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.


