Управно тело за заштита на трската
Заврши проектот Мапирање и управување со трската на Охридското езеро. Финализирана е проектната идеја за подигање на јавната свест и едукација на младите за значењето на езерската трска спроведен од Регионалниот зелен центар од Охрид.
Се реализираа бројни активности со активни истражувања на терен, обновени се податоци за состојбата со трската од пред 10 години , мапиран е појасот на трската со критичните точки на загрозеност, одржана е едукација на најмладите во основите школи, снимен е краток документарен филм, набројува Ана Бојаџиева за реализираните проектни активности на регионалниот зелен центар. Исто така, појаснува дека се работи и на измени во Законот за заштита на трската.
„Изработени се два официјални документи. Извештај за мометалната состојба на трската,со податоци собрани од теренските истражувања како официјален документ кој ќе биде доставен до сите релевантни институции кои се засегнати од пробелемот. Вториот документ е предлог иницијатива за промена на законот за управување со трската“, вели Бојаџиева.
Во рамките на Регионален зелен центар е формирано Управно тело составено од 15тина претставници од сите институции. Ова тело ќе ја следи состојбата со трската на охрдиското крајбрежје. Тие ќе ја утврдуваат потребата од заштита и ќе делуваат врз институциите со преземање на конкретни активности. Главен производ на активностите ќе е форум кој ќе ги обединува различните групи за заштита на трската на крајбржјето, напоменува Јовица Лешоски од Хидробилошкиот завод .
„Целта ќе е креирање на нов менаџмент план за управување со трската кој ќе е надополнување на постоечкиот менаџмент план за Охридското езеро, нов со постоечките документи. Резултатите добиени од одделни истражувања значително ги подобруваат сознанијата за трската не само како вид туку и како живеалишта на живиот свет и се надополнети со постоечките документи“, кажува Лешоски.
Проектот Мапирање и управување со трската на Охридското езеро е поддржан од УНДП. Константин Митрески од Ундп потсети на општествената обврска на целата заедница да се чува и штити животната средина, биодиверзитетот и природните богатства на Македонија и нивната улога во таа насока.
„Ундп заради тие активности посветено работи секојдневно на развојните проекти од областа на заштитата на животната средина. Еден од тие проекти е проектот мапирање и управување со трската во Охридското езеро. Овој проект јасно ја дефинира проблемтиката со негрижа и уништување на трската важна за биодиверзитетот на најстарото езеро во светот, Охридското езеро дом на ендемични видови риби и птици“, рече Митрески.
Во рамките на проектот „Мапирање и управување со трската на Охридското езеро“ се направени истражувања за сосојбите на појасот со трскат на седум локации на езерскиот брег. Констатирано е дека ссотојбат не е алармантна, но мора да се задржи да не се влоши. На неколку локации на крајбржејто има зголемување на површините со трска како резултат од неколку причини меѓу кои и присуството на зголемени штетни материи кои влијаат таа да се шири. Проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското езеро“ се спроведува во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан Reload 2 која е финансиран од Европската унија, а ја спроведува УНДП.