Skip to main content

Животен стандард

Бектеши: Во вторник ќе се замрзне цената на лебот

Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки, изјави на денешната прес-конференција Министерот за економија Крешник Бектеши.
 |  инфодеск  | 
леб

Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб во земјава, кажа денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Мерката за замрзнување на лебот ќе важи од 1 март, и ќе важи сѐ додека е во интерес на граѓаните. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки, изјави на денешната прес-конференција Министерот за економија Крешник Бектеши.

„Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата за утврдување на маржите. Министерството за економија работи за други производи и ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Нема да дозволиме воени профитери во време на криза. Се прават анализи и за тестенините, генерално за макароните и шпагетите и тие средства ќе се користат за укинување на одредени давачки и со тоа ќе влијае намалување на цените на истите производи и ако има потреба ќе има замрзнување на дургите цени. Не смее да има разлика во лебот од 28 до 38 денари на истиот леб“, рече Бектеши.

Бектеши кажа дека Пазарниот инспекторат ќе ја контролира не само цената на лебот туку и грамажата, односно леб не смее да се продава под 450 грама за дадена највисока цена.

Бектеши кажа дека им е жал што за одредени компании ќе мора да се укине мерка за субвенционирање на струјата иако тие го исполниле тоа што го ветиле, но Министерството не разговарало поединечно со компании, туку со претставници преку стопанските комори.

„Нема да ги затвориме тие компании што не почитуваат, ги слушав дека тие се закануваат дека ќе затворат. Но, подобри да затворат отколку штетата да биде на грбот на граѓаните. Не ми требаат такви компании кои имаат цена од 45 денари за 450 грама бел леб. Ние да им платиме сѐ, и суровини и работници, а тие да го добиваат профитот“, рече Бектеши.

За цените на овојшето и зеленчукот, рече дека чекаат предлог од Министерството за земјоделие и ќе го почитуваат каков и да биде. Најави и дека неделно ќе прават анализа за секој производ и ќе реагираат.