Skip to main content

Демографија

Расте уделот на постари од 65год во вкупното население

Само Луксембург , Ирска, Албанија, Црна Гора и Кипар имаат помалку стари лица во вкупната популација,покажаа новите податоци на Евростат.
 |  инфодеск  | 
стари луѓе

Уделот на лица постари од 65 години во вкупното население на Македонија во последнава деценија се зголемил за 5,3%, што е најголем раст во Европа, покажаа новите податоци на Евростат за демографските карактеристики на континентот.

Според проценките на Евростат, во 2012 година во земјава 11,8% од населението било постаро од 65 години , додека десет години подоцна уделот на население над 65 години изнесувал 17,1%. Тој процент е сеуште далеку под просекот на ЕУ кој изнесува 21,1%. Само Луксембург (14,8%), Ирска (15%), Албанија (15,7%), Црна Гора (16%) и Кипар (16,5%) имаат помалку стари лица во вкупната популација.