Skip to main content

Кривична пријава

Охриѓанец вршел јавен превоз без лиценца

Кривична пријава против охриѓанец кој вршел јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган.
 |  инфодеск  | 
Јавен превоз

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Д. (1967) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без лиценца”.

При контрола извршена на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Хундаи” со охридски регистарски ознаки што го управувал пријавениот и притоа, констатирале дека тој, врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган во согласно Законот за превоз во патниот сообраќај – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.