Skip to main content

Центар за култура григор прличев

Во петок повторно претставата Енергични луѓе

Картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
 |  инфодеск  | 
Енергични луѓе

Во петок на 3-ти март, поради зголемениот интерес повторно ќе биде изведена претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски. Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.

Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.

Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни, информираат организаторите.

Картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.