Дојава за бомба во охридскиот суд
Лажна дојава за бомба ги вознемири утрово вработените во Основниот суд во Охрид. Неколку минути пред 8 часот, вработените ги напуштија работните просториите во судската зграда, по дојава за подметната експлозивна направа.
Од СВР информираа дека по добиената закана од непознато лице на електронска адреса на судот, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа е извршена и детална антитерористичка проверка. Откако се утврдило дека станува збор за лажна пријава вработените се вратиле на своите работни места.
За време на проверките затворена за сообраќај беше улицата Македонски Просветители пред судската зграда. Објектот беше обезбеден со присуство на екипи од охридската полиција, Брза помош и против пожарната единица штого привлече вниманието на граѓаните. Охриѓани се со поделени размислување по овој настан дали ваквите закани ги вознемируваат. Некои ги вознемируваат ваквите дојави, а други веќе се навикнале на нив.
Инаку, во Охридскиот суд за утре е закажано првото рочиште против лице осомничено за нападот над секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.
Денешната дојава за бомба е втора во Охрид. Предходно, кон крајот на декември минатата година, закана за поставена бомба ја прекина наставата и во ЕМУЦ „Св Наум Охридски“.