Skip to main content

Животни приказни

Сукова ги бара Билјана и Зорица од Охрид

Барбара Сукова, една од ѕвездите на европскиот филм и годинешната лауретка на белградскиот филмски фестивал, ги бара охриѓанките Билјана и Зорица. Таа ја искористи прес конференцијата на фестивалот да упати молба до јавноста да и помогне да ги пронајде двете девојки кои ги запознала како тинејџерка во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Црно бела фотографија Билјана и Зорица
Beograd 26.02.2023. Barbara Sukova, Barbara Sukowa, glumica, intervju, FEST 23, FEST23 Foto: Dragan Mujan/Nova.rs

Германската актерка Барбара Сукова вчера го доби почесното признание „Белградски победник“ на ФЕСТ, за севкупен придонес на филмската уметност.Таа на 51то издание на фестивалот го претстави филмот „Далиленд“ во режија на Мери Харон, во којшто ја игра Гала, сопругата на познатиот сликар Салвадор Дали кого во филмот го игра Бен Кингсли.

На прес конференција, пред доделувањето на наградата, Сукова преку медиумите испрати интересна и невообичаена молба. Таа побара јавноста да и помогне да пронајде две жени од Охрид кои ги запознала пред 60 години.

Beograd 26.02.2023. Barbara Sukova, Barbara Sukowa, glumica, intervju, FEST 23, FEST23 Foto: Dragan Mujan/Nova.rs

Притоа Сукова пред новинарските екипи раскажа емотивна приказна.

„Во 1963 година, кога имав 13 години, бев со моите родители во поранешна Југославија. Исто така бевме на Охридското Езеро каде што запознав две млади девојки, Зорица и Билјана. По Охрид, заминав со моите родители во Скопје. Но, ден откако го напуштивме Скопје, имаше ужасен земјотрес и знам дека хотелот во кој престојуваме беше целосно уништен.“ – кажа актерката.

Барбара ја имала адресата на овие девојки, и на училиште, во Германија, собирале облека и храна за жртвите од земјотресот. Во знак на благодарност за хуманитарната помош, Зорица и Билјана и испратиле послужалник со мали финџали за кафе.

„И секогаш го чував, го носев со мене во секој нов стан и град во кој се преселував во текот на мојот живот. “ – објасни Барбара.

Но таа изгубила контакт со Билјана и Зорица од Охрид и сега има само една црно-бела фотографија од нив, па Сукова им се обрати на сите:

„Сакам да ги видам повторно. Не сум на социјалните мрежи, па помогнете ми да ги пронајдам!“

Барбара Сукова е лауреатка на најпрестижните германски актерски награди, но и на филмските фестивали во Кан и Венеција, за своите улоги во делата на големиот Рајнер Вернер Фасбиндер, Маргарета фон Трота, Ларс фон Трир, Михаил Чимин, Давид Кроненберг и други врвни европски синеасти.