Skip to main content

Одбележување

115 години од смртта на Марко Бошнаков

Во рамки на свеченостите настапија членовите на КУД „Гердан од бисери“, а историски час одржа кустосот при охридскиот Завод и музеј, Горан Митрески.
 |  инфодеск  | 
Одбележување Марко Бошнаков

Делегации на Општина Охрид и останати институции во градов положија свежо цвеќе пред спомен куќата на Марко Бошнаков со што се одбележаа 115 години од неговата смрт. Чествувањата продолжија со културно-уметничка програма во спомен куќата на Христо Узунов.

Пред присутните меѓу кои беа и членовите од семејството на Бошнаков се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски.

Одбележување Марко Бошнаков

Денеска одбележувајќи 115 години од смртта на Марко Бошнаков се потсетуваме на неговиот огромен патриотизам, на храброста да се биде дел од малкумината кои вршејќи ги солунските атентати сакаа да го одвлечат вниманието на „Светските елити“ за случувањата во нашата поробена земја. За своите херојски дела Бошнаков бил заробен од аскерот во Солун и осуден на смрт. Смртната казна му била заменета со доживотна робија во злогласниот затвор Музрул во Африка, каде и починал на 27 февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците. Единствените преживеани гемиџии, Шатев и Богданов го исполниле аманетот на Бошнаков „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“, така што ја отсекле главата од безживотното тело и ја донеле во Охрид.
Жртвата на Марко Бошнаков за Македонија претставува највисок патриотски чин. Тој е еден од великаните чие име го изговараме со смирена благонаклоност и со стравопочит – истакна Божиновски во дел од своето обраќање.

Одбележување Марко Бошнаков

Во рамки на свеченостите настапија членовите на КУД „Гердан од бисери“, а историски час одржа кустосот при охридскиот Завод и музеј, Горан Митрески.

Одбележување Марко Бошнаков