Skip to main content

Програма за рамномерен регионален развој

323 канти за собирање отпад доби ЈКП Дебрца

Кантите ќе бидат отстапени на трајно користење на јавното претпријатие, кое ќе ги користи за подобра покриеност на населените места со потребните садови за комунален отпад.
 |  инфодеск  | 
Канти за отпад Дебрца

По поднесена апликација од општина Дебрца преку Центарот за развој на југозападниот плански регион, програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година обезбедени се вкупно 323 канти за собирање на комунален отпад, со запремнина од 240 литри.

Ги подобруваме капацитетите на Јавното комунално претпријатие за поефикасно вршење на комуналните услуги. Кантите ќе бидат отстапени на трајно користење на јавното претпријатие, кое ќе ги користи за подобра покриеност на населените места со потребните садови за комунален отпад. И во наредниот период општината ќе продолжи со вакви активности, со цел подобри комунални услуги за граѓаните – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Канти за отпад Дебрца