Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведување на нова канализациона линија на улицата „Анастасија Узунова“.
Должината на новата фекална канализација изнесува 60 метри во вредност од 463 744 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.