Skip to main content

Реакција

ВМРО ДПМНЕ : СДСМ Охрид лаже и ги манипулира охриѓани за цената на водата

Фактите се дека ЈП „Водовод“ до Регулаторната комисија за енергетика не доставило барање туку информација за вкупните расходи и приходи согласно Закон, а потоа цената на водата ја утврдува единствено и само единствено РКЕ, а не Претпријатието. Факт е дека и бројот на вработени во Претпријатието постојано се намалува, велат од ВМРО ДПМНЕ.
 |  инфодеск  | 
Вмро дпмне Охрид

СДСМ Охрид одеднаш се загрижи за граѓаните откако стана опозиција во градот, а кога ја имаа локалната власт им беа важни само партиските и личните интереси. Очигледно е домаќинското работење и посветената работа на раководството и вработените во ЈП „Водовод“, навремено се исплаќаат платите, редовно се сервисираат потребите на граѓаните и покрај многуте кризи, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид.

Фактите се дека ЈП „Водовод“ до Регулаторната комисија за енергетика не доставило барање туку информација за вкупните расходи и приходи согласно Закон, а потоа цената на водата ја утврдува единствено и само единствено РКЕ, а не Претпријатието. Факт е дека и бројот на вработени во Претпријатието постојано се намалува. Само СДСМ Охрид не може да види дека единствено се зголемени расходите за електричната енергија и главната вина за тоа треба да си ја побараат токму во нивната Влада. Нивната негрижа се виде кога ги оставија во огромен долг Општината и јавните претпријатија, а конкретно ЈП „Водовод” во долг од над 309 милиони денари. Токму поради нив сега охриѓани плаќаат за 30% поскапа вода, а парите наместо за капитални инвестиции ги пренаменуваа за возач на поранешниот директор и вработување партиски послушници. СДСМ да престане со лаги затоа што колку повеќе лажат толку поголема ќе им биде казната на изборите, се додава во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.