Македонското собрание пример за успешно функционирање
На отвoрањето на Светската е-парламент Конференција 2009 во Вашингтон, на воведната сесија “Примена на ИКТ во развојот на демократски институции”, во име на Собранието на Македонија, во обраќењето потпретседателот Јани Макрадули го презентираше решението за е-парламент.
собрание

Глобалниот центар за примена на ИКТ решенија во парлaменти и ИПУ (интерпарламентарна унија) применети во Собранието на Македонија беа селектирани како едни од најуспешните примери во светот.
Модераторот на сесијата, претседателот на националното Собрание на Конго, Џастин Комба, истакна дека со ова решение во Собранието е постигнат огромен напредок, и се приклучи во поттикот на потпретседателот Макрадули, кон земјите во развој, да го следат овој пример, бидејќи примената на ИКТ технологиите во парламентите го јакне неговиот демократски капацитет.
По презентацијата повеќе претставници на парламенти од различни држави изразија интерес за идна соработка, соопштуваат од Собранието.
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во рамките на Конференцијата присуствуваше на обраќањето на германскиот канцелар Меркел во Конгресот на САД и се сретна со спикерот на Претставничкиот дом Пелоси.

{loadposition content9}