Општина струга
Кривична за стружанец поради узурпација на недвижности
Кривична пријава против 54-годишен жител на Струга, кој на државно земјиште, со обележја и симболи на Општина Струга, си направил приватен паркинг.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против У.К.(54) од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”.
Тој на катарстарска парцела во Струга во државна сопственост, без одобрение од надлежен државен орган, поставил обележја и симболи на општина Струга и просторот го адаптирал за паркинг простор – информираат од СВР Охрид.


