Свр билтен
Приведен жител на Октиси баран по потерница
Приведен 48-годишен жител на Октиси кој бил баран по потерница за издржување на затворска казна од две години.
На 02.03.2023, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта го лишија од слобода М.Д.(48) од селото Октиси.
Тој беше баран по потерница врз основа на наредба од Основниот суд Струга за издржување на затворска казна од две години по што е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


