Нов напад
Девојка од Лабуништа касната од куче скитник во Струга
Од СВР Охрид информираат дека 18-годишна девојка од Лабуништа била касната од куче скитник на ул. Пролетерски бригади во Струга.
На 02.03.2023 во ОВР Струга, Р.И.(18) од струшкото село Лабуништа пријавила дека на улица „Пролетерски бригади” во Струга била касната од куче скитник, информираат од СВР Охрид.


