Психосоциолошко советувалиште за подобро ментално здравје
Се отвора психо-социолошко советувалиште за поддршка на жителите од регионот. Во рамките на ОО ЦК ќе работи советувалиште за давање помош во подобрување на менталното здравје на граѓаните. Во советувалиштето ќе работи стручен тим од психолози, педагог и социјален работник. Марија Чанова е дип.психолог и педагог, лиценциран советодавач со долгогодишно работно искуство во делот на менталното здравје и личниот развој. Зборот и доброто насочување на мислата, давање на поддршка и позитивна енергија може многу да придонесат за подобрување на целокупното здравје. Оваа активност е можност да се работи тимски со сите категории засегнати граѓани кои најчесто страдат од анксиозност , кажува Чанова.
„Од 18 годишното работно искуство во училиште најзагорозени се средношколците. Анксиозноста е присутна кај младите и треба сериозно да се работи. Секако не се издвоени ни возрасните лица кои се соочуваат со огромен стрес на работните места, со економската криза која не притиска сите. Добра можност е да се дојде да се поразговара и да се расчистат дилемите во главата за подобро да се функционира на секое поле од животот“, вели Чанова.
Психологот, Ранко Раткушиноски подвлeкува дека покрај психо-социолошкото советувалиште ќе функционира и телефонска линија. Раткушински го споделува нивното досегашно искуство во давање на психосоциолошка поддршка на граѓаните од регионот, посебено поддршката во пандемискиот период. Напоменува дека во континуитет последните години се води грижа за подобрување на менталното здравје на граѓаните од Охрид и Дебрца.
„Во ОО ЦК спроведуваме активности и континуирано водиме разговори и даваме совети на граѓаните од најразлични категории. Досега тие разговори беа водени со лицатат од социјално ранливите категории, а сега се отворање на советувалиштето ја прошируваме таа група за сита граѓани кои имаат потреба од разговор или помош од стручни лица за советодавна услуга“, кажува Раткушиноски.
Социјалниот работник, Даниела Вељановска, укажува дека во изминатите години помагале не само со психолошки разговори преку телефонска линија и работа на стручни тимови тукуи со давање хуманитарни пакети од храна и хигиенски средства, но и давање на медицинска поддршка.
„ОО ЦК соработуваше со Клиниката за Онкологија набавуваме онколошка терапија , но и терапија за други хронични болести. Во текот на последните 2-3 години е зголемен бројот на социјални случаи во Охрид. Последните години , посебно во 2020 имавме зголемен број на луѓе кои бараа помош, останале без работа, немаа приходи и зачестено бараа помош“, кажува Вељановска.
Стручните лица нагласуваат дека разговорот е главен метод за превенирање и подобрување на состојбата на менталното здравје. Од друга страна, во однос на медикаментозната терапија не се стручни , тоа го препуштаат на работата на психијатрите кога тоа е неопходно. Пријавувањето и закажување термини за советувалишетто може да се направи во ОО ЦК.