Спасувачка акција
Спасени косовски државјани заглавени во снегот на Галичица
По спасувачката акција, било констатирано дека четирите лица се косовски државјани кои во националниот парк се движеле со патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со косовски регистарски таблички.
| инфодеск | Македонија
Од Центарот за управување со кризи информираат дека во СВР Битола било пријавено дека во националниот парк „Галичица“ има заглавени странски државјани.
Полициски службеници и екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен, но и од стражарската служба „Галичица“ излегле на терен, по што за релативно брзо време лицата биле пронајдени, извлечени од снегот и безбедно упатени до граничниот премин „Стење“.
По спасувачката акција, било констатирано дека четирите лица се косовски државјани кои во националниот парк се движеле со патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со косовски регистарски таблички.