На 7-ми Март во изложбениот салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 18 часот, ќе се одржи изложба на слики од повозрасни сликари и сликарки од Охрид.
Ќе бидат изложени слики од следните сликари: Јордан Манасиевски, Љубица Чифлигароска, Васка Опелоска, Ленче Војнеска, Јонче Силјановски, Данче Наумоска, Ленче Кошарскоска, Силвана Колчак, Александар Патчев, Разменска Суклоска, Ковиљка Малезанов, Ѓоко Симјановски, Олга Василевска и Слободанка Димоска.
Изложбата е во организација на Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”, координиран од Црвениот крст на Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.