Skip to main content

Напаѓачите избегале со ауди а6, автомобилот запален во шутка

Двојно убиство во Старата скопска чаршија

Според најновите информации, убиени се Јетон Кривањева и Енес Исени кои им подлегнале на повредите на местото на нападот.
 |  инфодеск  | 
Убиство

Двојно убиство во синоќешниот вооружен напад во Старата скопска Чаршија, во кафе барот „Шиша бар“. Според информации на Телма двајцата убиени се Јетон Кривањева и Енес Исени кои им подлегнале на повредите на местото на нападот.

Телма дознава дека нападот го извршиле неколку вооружени лица неколку минути по 20 часот. Според се уште непотврдени информации за време на престрелката повредени се уште седум други лица, но овие информации се темелат врз база на сведоштва на очевидци.

Убиство

Кривањева според повеќе медиуми на албански јазик од Македонија беше дел и од групата која беше цел на вооружен напад во скопскиот хотел Александар Палас во 2019-та година. Тогаш маскирани напаѓачи стрелаа кон групата во која беа и Камер Идризи и Јетон Кривањева. Тогаш интервенција на полицаец во цивил кој во моментот седел на истата маса со нападнатите го спречил нападот. Пукал во напаѓачите во самоодбрана, при што во тој случај немаше сериозно повредени лица. Во 2021-ва во Бутел беше убиен Камер Идризи додека се движел со автомобил, а во него било пукано од друго возило во движење. Тоа убиство не е расветлено.

За вчерашното убистводоцна синоќа полициски извори за Телма потврдија дека во Шутка пронајдено е возилото со кое убијците бегале.

Станува збор за автомобил Ауди А6 кој бил запален на улица „Вашингтонска“ во Шутка. Убијците по вакво “чистење” на доказите избегале со друг автомобил. Од улицата каде е најден автомобилот за бегство, напаѓачите на Кривањева можеле да стигнат брзо до скопската обиколница или до Визбегово и патот кон Блаце односно се на половина час возење до Косово.

Од МВР засега не соопштуваат детали за потерата и за осомничените освен дека станува збор за повеќе лица кои пукале кон убиените.

Полициски извори за Телма пак тврдат дека напаѓачите влегле во Шиша бар во Старата скопска чаршија и биле облечени во црна облека налик на униформа по што повикале дека станува збор за полициска рација.

Кога ги нашле “таргетите” почнале да пукаат во нив и избегале. На лице место се убиени Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени. Засега нема информации дали напаѓачите носеле и полициски симболи на облеката.

По нападот, групата убијци избегала со Ауди А6 кое е најдено запалено во Шуто Оризари. Регистрациите на запалениот автомобил биле украдени од друго возило.

Во изгореното ауди се најдени остатоци од два мобилни телефони, тврдат за Телма полициски извори.

Дежурен јавен обвинител заедно со полициски увидни екипи доцна синоќа извршија увид во угостителски објект во кој во оружен инцидент убиени се две лица, додека едно е повредено, соопшти Јавното обвинителство. Оттаму соопштија дека јавниот обвинител ги издал сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите. Во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ пак нешто по 20 часот било донесено кај нив едно лице со две прострелни рани и откако му била укажана помош тоа е пуштено на домашно лекување.

Извор/Телма