СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.М.(49) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривучно дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
Тој, на социјалната мрежа „Фејсбук”, на објава поставена од еден портал, постирал коментар со недолична содржина со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – информираат од СВР Охрид.