Skip to main content

Свр билтен

Мигранти од Сирија и Палестина пронајдени во близина на Косел

Во близина на Косел, пронајдени се три лица од Сирија и едно од Палестина, кои оствариле илегален влез во Македонија. Тие се спроведени во прифатно-транзитниот центар во Гевгелија за натамошна постапка.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 06.03.2023 во близина на охридското село Косел затекнати се С.М.(23), М.Е.(23), Х.Х.(23), сите од Сирија, како и А.М.А.(24) од Палестина.

Поради остварен илегален влез во РСМ, а во согласност со Законот за гранична контрола, тие се приведени, а потоа спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија за натамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.