Skip to main content

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Охрид ќе биде претставен на туристичка берза во Берлин

АППТ заедно со десет коегзибитори до 9-ти март на репрезентативен изложбен простор ќе ги промовираат македонските дестинации и туристички продукти, кои не прават диверзивни и атрактивни.
 |  инфодеск  | 
Охрид

Интернационалната туристичка берза ИТБ Берлин од денес ги отвора вратите за илјадници туристички посетители од целиот свет. Ова е шанса и за македонскиот туристички сектор да покажете како ја движи индустријата.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со десет коегзибитори до 9-ти март на репрезентативен изложбен простор ќе ги промовираат македонските дестинации и туристички продукти, кои не прават диверзивни и атрактивни.

Со својата единствена разновидност и учество на 180 земји и региони ИТБ Берлин го покрива целиот синџир на туристички понуди, со додадена вредност. ИТБ Берлин е поделен на посебни сегменти кои ги рефлектираат најважните актуелни теми, што го олеснува пронаоѓањето на патот околу широката палета на производи и услуги на саемот.

Фокусот на ИТБ Берлин оваа година е на социјалната и еколошката одржливост. Учесниците и посетителите ќе имаат можност да слушнат инспиративни приказни кои покажуваат како дестинациите ширум светот се обидуваат да го направат туризмот поотпорен и одржлив, со тоа што ќе дадат позитивен придонес за локалната заедница и животната средина – информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Саем Берлин

Повеќе од 50 години ИТБ Берлин во март го собира светот на меѓународниот туризам, на најголемиот саем за патувања, иновации, знаење, лидери и инспирација за поместување на туристичките граници.