Традиционално, денеска СВР Охрид- отсек за превенција, ИПА Охрид и РСБСП, со симболичен подарок-црвен каранфил, на припадничките од понежниот пол кои управуваат моторни возила, им го честитаa 8 март, денот на жената.
Претпладнево, полициски службеници во Охрид и Струга, на сообраќајни пунктови, ги запираа возилата што ги управуваа жени и со каранфил им ја искажавме почитта, им упативме убави желби, но и потсетивме на потребата од безбедно управување на возилата во собраќајот за време на празничниот ден – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.