Со дебатата „УИНТ и 8 март”, Универзитетот „Св. Апостол Павле”, го одбележа 8 март. Учесниците на дебатата, проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, проф. д-р Јованка Дамоска Секулоска, проф. д-р Анета Велкоска, проф. д-р Дијана Цапеска Богатиноска, како и студентките Ана Алексова и Рахела Бушиноска зборуваа за жените кои ги инспирирале, позицијата и улогата на жените во дигиталното општество.
Дебатата беше модерирана од доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, а во дебатата активно се вклучија и присутните. Беа истакнати предностите за присуството на жените во информатичките науки и технологии, но беа дискутирани и разликите во стапките на учество на жените и мажите на пазарот на труд