Јп водовод охрид
Ул. Пирин Планина добива нова водоводна линија
Во тек е втората фаза, поставување на цевковод и приклучување на сите објекти во новата водоводна линија на ул. „Пирин Планина”.
Деновиве во тек се градежни активности за поставување на нова водоводна линија на улицата „Пирин Планина“. Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, во изминатиот период се поставуваше цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 178 метри.
Во тек е втората фаза, поставување на цевковод и приклучување на сите објекти во новата водоводна линија на ул. „Пирин Планина” – информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.


