Јп охридски комуналец
Активности за одржување на јавната чистота
Од Јавното претпријатие додаваат дека се реализирани и вонредни активности за чистење на крајбрежниот појас од градско пристаниште до Холандски Парк.
Голем број активности на екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ задолжени за одржување на јавна чистота.
Се чистеше на крајбрежниот појас потег х. Метропол-с. Пештани од расфрлан ситен комунален отпад. Извршено е чистење на суводолицата и околниот простор во с. Пештани се’ до нејзиното влевање во езерото. Беше исчистен околниот простор од река Сушица на потег пресек со ул. „Живко Чинго“. Исто така, извршено е и темелно чистење на поплочениот дел и граничниците на патеката потег канал Студенчишта до Парк – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Од Јавното претпријатие додаваат дека се реализирани и вонредни активности за чистење на крајбрежниот појас од градско пристаниште до Холандски Парк.



