Пожарот е ставен под контрола
Пожар во фабрика за канабис во Кавадарци
ТППЕ Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и ЕуроНикел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште.
| инфодеск | Македонија
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, објави фотографии од пожар кој денеска зафати фабрика за одгледување на канабис за медицински цели во тиквешкото село Дебриште.
Јанчев информира дека пожарот е ставен под контрола и дека изгорен е само дел од депото на фабриката.
ТППЕ Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и ЕуроНикел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште. Благодарение на брзата интервенција на службите, пожарот е под контрола и е спасен поголемиот дел од објектот – информира градоначалникот.