Skip to main content

Реакција на прес на министерката за култура

Пецаков : За една година мандат два пати сум дал негативно мислење за претходно даденото одобрение за градба

Градоначалникот на Охрид со реакција на заклучокот на Комисијата за УНЕСКО во врска со хотелот во Лагадин. Пецаков вели дека два пати дал негативно мислење за одобрението за градба на хотелот, како и претходните градоначалници во изминатите 6 години. А второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќала предметот на повторно одлучување во Општина Охрид за на крај да одлучи мериторно за хотелот.
 |  инфодеск  | 
Кирил Пецаков

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, денеска на својот приватен профил на фејбук со реакција на прес конференцијата на Министерката за култура во врска со градењето на хотелот во Лагадин.

За овај предмет 6 години општина Охрид и претходните градоначници, даваат негативно мислење и го одбиваат по еден основ и сите 6 години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид, а за оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба – вели Пецаков.

Според информација од Министерството за транспорт и врски, бидејќи предметот за огласување за ништовно на одобрението за градење на хотелот, бил повеќе пати враќан на повторна постапка пред првостепениот орган односно општина Охрид, по пријава од инвеститорот до Државниот управен инспекторат, Министерството одлучило мериторно во управната постапка.

Овој пат второстепената комисија, веројатно за ПРВ ПАТ во историја одлучува мериторно за овај предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од 2 недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерството заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан Благој Бочварски – напиша Пецаков во реакцијата.

За утре е закажана прес конференција на Градоначалникот, на која, како што тој најави, јавноста ќе биде запознаена со целосната документација за предметот со спорниот хотел во Лагадин.