Skip to main content

Има присуство на тешки метали во езерската вода

Рударски отпад го загадува Охридското езеро од албанска страна

Тони рударски отпад го загадува Охридското Езеро со тешки метали. Депониите кои ги користат рударските компании во Поградец во близина на езерото, по препорака на Унеско требаше итно да се санираат, но тоа се уште не е направено. Невладините се се погласни дека итните препораки за Охридскиот регион не се спроведуваат и во двете држави. Струга не изготви Регистар на дивоградби, а и натаму продолжува претераната урбанизација.
 |  инфодеск  | 
Албанска страна

Тони отпад од стари рудници, со тешки метали го загадуваат Охридското Езеро, од албанска страна кај Поградец.

Испитувањата покажуваат присуство на тешки метали во езерската вода, кои се штетни за ендемичната флора и фауна. Една од препораките на Унеско уште во 2020 година беше итно да се премести отпадот и да се рехабилитира рударската депонија на езерскиот брег, но тие и натаму се користат од рударски компании што имаат дозволи за експлоатација до 2026 година.

Преку анализите што ги имаме правено на рибниот фонд во Охридското Езеро уште е присутна оваа проблематика на тешките метали. Рудниците не работат сега меѓутоа отпадите од нив за феро никел уште се присутни од времето на 90-тите години – вели Аријан Мероли, експерт за животна средина од Поградец.

Албанска страна

Друга жешка точка од албанска страна е проектот за изградба на туристичка зона кај изворите на Дрилон, локалитет сличен на изворите кај Свети Наум, кои се строго заштитено подрачје во рамките на Националниот парк.

Проблематиката на изворите на Дрилон каде има еден проект што инсистираат да се гради некоја интензивна туристичка зона за регион кој е строго заштитена зона. Таму мора поголема контрола од страна на владата – вели Мероли.

Невладините се се погласни дека итните препораки за Охридскиот регион не се спроведуваат и во двете држави. Струга не изготви Регистар на дивоградби, а и натаму продолжува претераната урбанизација.

Многу хаотично е на сите страни, тоа што сакам јас како активист е да видам добра волја од страна на надлежните за да ја зачуваме и природата и наследството и да се воведе ред во урбанизацијата. Денес имаме многу проблеми и хаотична состојба – вели Ндерим Положани од невладината Капс Струга.

Албанска страна

Поради единствените природни и културни вредности Аалбанскиот дел на езерото беше впишан на листата на светско наследство на УНЕСКО во 2019 година.

Новинар : Соња Рилковска