Skip to main content

Промоции

Џуџето Јоханухан против дислексијата

Во Охрид ќе се одржи промоцијата на прирачникот Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов“, за деца со дислексија.
 |  Голабовски Крсте  | 
Јоханухан

„Јоханухан Папатакапов Смирнов имаше долго име, но бидејќи џуџе, самиот беше кус и тоа му годеше“-. Вака започнува прирачникот за деца со диеслексија, за кој илустрациите ги направи охриѓанецот Александар Илиевски. Тој е поранешен диплоемц на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид, а сега е на магистерски студии на отсекот медиумски телекомуникации во Марибор Словенија. Инспириран од расказот на неговата поранешна професорка Мерсиха Исмајлоска насловен како Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов, на Александар му биле потребни две години визуелно да ги оживее ликовите во овој прирачник, кој децата со дислексија ќе може да го користат и како боенка.

Станува збор за 11 илустрации, од кои претходно имаше и повеќе но најдобрите се избраа за печатење.Последниве две години работам по бавно но гледам да се точно и креативно зибрани елементите , секоја линија и елемент во оваа книга се точно смислени и ми беа потребни две години мислам за реализација на целиот проект“ – ќе рече Александар Илиевски – илустратор.

Изданието на овој мал но корисен прирачник е од Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметнсти, „Креативна верига“, а поддржано од Министерството за култура на Република Македонија. Александар вели, како илустратор не му е целта само да го прикаже сопствениот уметнички израз пред општеството, туку со тоа да придонесе за заедницата.Токму онака како што се надева дека ќе направи со прирачникот за деца со дислексија.

Мислам дека беше добра идеја на дизајнерот од нашиот тим Владимир, да уптреби фонт кој е направен за деца со дислексија. За да можат подобро и полесно да разликуваат букви и да читаат добро.Самата идеја на овој проект не беше да се направи само сликовница туку да се создаде еден своевиден бренд од анимирани филмови, играчки за деца, бидејќи претхдно сум работел како аниматор за цртаната серија „Светот на Биби“- објаснува – Александар Илиевски – илустратор.

Илиевски цели дека сите заинтересирани родители и професионалци на кои дислексијата им е предизвик, можат да го набават ова издание преку дружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметнсти, „Креативна верига“. Моментално Александар работи на уште еден проект на матичниот универзитет во Марибор посветен на реката Драва, а не крие дека како љубител на анимацијата и стрипот, негов сон е анимирано издание на „Џуџето Јоханухан“. Промоцијата на „Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов“ ќе се одржи во понеделник во 11 часот во кафе барот „Шила“ во Охрид.