Skip to main content

Свр охрид

Казнети возачи за непрописно паркирање

Казни за 31 возач поради непрописно паркирање на коловоз. Казнети и две лица кои управувале моторно возило без да поседуваат возачка дозвола.
 |  инфодеск  | 

На 09.03.2023 од 08:00 до 16:00 часот, при контроли во патниот сообраќај, полициските службеници во Охрид евидентирале 31 патничко возило кои биле непрописно паркирани на коловоз, како и две лица кои управувале моторно возило без да поседуваат возачка дозвола, информираат од СВР Охрид.

Во Дебар, полициските службеници на вонреден технички преглед упатиле шест патнички моторни возила каде, при што кај две возила биле констатирани технички неисправности на уредот за сопирање. На возачите им се поднесени соодветни платни налози.