Свр билтен
Кривична за две лица поради запуштање и малтретирање на дете
Кривична пријава против 25-годишен стружанец и неговата вонбрачна сопруга, поради запуштање и малтретирање на дете. Констатирано е дека во домот на пријавените врз 16-месечно бебе паднал дел од мебел.
Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М.(25) и неговата вонбрачна сопруга А.И.(21), двајцата од Струга.
На 12.02.2023 околу 11 часот, во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св. Еразмо” со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга. По преземени мерки констатирано е дека во домот на пријавените врз малолетникот паднал дел од мебел – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


