Skip to main content

Општина дебрца

Реконструкција на општинската зграда во Белчишта

Вкупната вредност изнесува 4.461.007 денари, од кои 3.695.600 денари ги обезбеди Центарот на ЈЗПР, преку Бирото за регионален развој, а 765.407 денари се учество на Општина Дебрца.
 |  инфодеск  | 
Белчишта

Започна реконструкцијата на општинската зграда во село Белчишта / прва фаза, во која ќе се изврши реконструкција на кровната конструкција, спомен собата од НОБ и поставување на ПВЦ дограма во деловите каде не е поставена.

Проектот се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Програма за рамномерен регионален развој 2022-2023. Вкупната вредност на работите изнесува 4.461.007 денари, од кои 3.695.600 денари ги обезбеди Центарот на ЈЗПР, преку Бирото за регионален развој, а 765.407 денари се учество на Општина Дебрца – информира Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца.

Белчишта

Во втората фаза, за која се подготвува апликација за користење на средства од Програмата за рамномерен регионален развој 2023-2024 се планира целосна реконструкција на зградата, вклучително и големата повеќенаменска сала.